Пионерските екипи на ФК Вардар со победи се враќаат од гостувањето во Штип, против екипата на Брегалница, во рамките на 16.првенствено коло.
Помладите пионери успеаа да слават во дуелот со Брегалница, со резултат 1:2. Вардар успеа да го отвори резултатот уште во 13.минута кога противничката мрежа за наше водство од 0:1 ја погоди Славче Живков. Сепак до крајот на првиот дел или во 32 минута, домашниот тим постигнува гол и го израмнува резултатот на 1:1. Вардар беше многу подобар во второто полувреме, создаваше доста шанси, една реализиравме преку Петар Давидовски, за водство од 1:2. До крајот на мечот, црвено-црните имаа шанса да го зголемат резултатот, но за жал Георг Стојановски не успеа да реализира удар од белата точка. Ова беше 11-ти триумф сезонава за помладите пионери.
Вардар: Стојковски, Трпезановски, Давков, Стојчевски, Ѓорѓиевски, Сељанац, Јовановски, Давидовски, Стојановски, Мирков, Живков.
Пионерите на ФК Вардар исто така успеаа да дојдат до триуф на гостувањето во Штип, со резултат 0:2. Фисник Салиу беше играчот кој успеа да го отвори резултатот за 0:1 во 23 минута од натпреварот. Со овој резултат се замина и на полувреме. Доминантната игра ја крунисавме со втор гол, прв на денешниот дуел за Петар Гугуљанов кој ги постави конечните 0:2 во 70 минута од мечот. На овој начин пионерите стигнаа до 10.победа оваа сезона.
Вардар: Величковски, Петејчук, Асани, Гугуљанов, Костовски, Крстевски, Хасани, Радуловиќ-Величковиќ, Омерагиќ, Речица, Салиу.
Пионерските екипи и по ова коло ќе останат на првото место на табелата, со можност за зголемување на разликата пред директните конкуренти за титулата.