Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЦЕМС потопен од вардарки, Трајкоска и Грујовска со по 7 одбрани најистакнати во оваа суперлигашка средба
ЦЕМС потопен од вардарки, Трајкоска и Грујовска со по 7 одбрани најистакнати во оваа суперлигашка средба

ЦЕМС потопен од вардарки, Трајкоска и Грујовска со по 7 одбрани најистакнати во оваа суперлигашка средба

Денес, ЖРК Вардар го одигра првиот домашен дуел во Супер Лигата, тие беа домаќини на екипата на ЦЕМС во дуел кој се одигра во големата сала при СЦ “Јане Сандански“ во Скопје. Девојките на Симовски и Царчев триумфираа на доминантен начин со резултат 34-14.

f2

Отворивме одлично, наметнавме ритам на почетокот со два гола на капитенот Диневска Бојана и Мирјана Петковска, заедно со една одбрана на Трајкоска Јована отидовме на 4-0 во 4.минута. Притоа клупата на ЦЕМС дури два пати побара тајм-аут за толкав краток временски период обидувајќи се да спаси голема негатива.  Најголемата предност ја имавме дотогаш во 11.минута кога поведовме со 8-1 со двата врзнани гола по ред на Стефанија Ѓорѓиевска по брза трансформација од одбрана во контра-напад. Противникот успеа да одигра краток период во кој парираше, и да игра рамноправно. Во 17.минута беше 10-3, откако двата тима постигнаа по два гола, на голот на ривалот две одбрани имаше поранешната вардарова голманка Станчева Ивана во тој период. Кај нас Трајкоска одговори со одбранет пенал па тоа го валоризиравме со погодок за 13-4 преку Ангела Костовиќ. Игравме постојано на ниво, го контролиравме дуелот  отидовме првпат на двоцифрена предност, поведуваќи со 15-5 во 23.минута по одлично истрчаната контра, и прекрасната реализација на Сара Миновска.  По овој момент до крајот се играше рамноправно, нашите девојки умешно ја држеа високата предност во одност на ривалот со мирна игра. На одмор заминавме со 10 гола позитива, откако на 40.секунди до крај за 18-8 погоди Мими Петковска по една контра, која ја истрча одлично, се вивна силно во воздух и атрактивно погоди во левиот долен агол.

f5

Дуелот во вториот период започна со по еден гол на двете страни за почетни 19-9 по 2.минути ракомет.  Нашите девојки потоа во одбраната заиграа поангажирано, ново влезената Симона Грујовска одбрани три пати и сето тоа беше наградено во напад. Со  серија 5-0 се одлепивме на 24-9, со по еден гол на Николиќ и Диневска и трите на Петковска во 42.минута. Доминиравме и потоа лесно погодувавме, противникот не успеваше. во наредните 10.минути тие дадоа само еден гол на Грујовска која повторно неколку пати интервенираше од која една одбрана беше и од пенал. Во напад решетаа Николиќ, Седлоска и  Васевска па поведовме со 20 гола, 30-10.   До крајот остана само да се приврши дуелот, ние имавме апсолутна контрола на играта, на резултаот и на случувањата на теренот. Со голот на Ивана Џатевска за 33-14 влеговме во последните две минути од оваа средба, до крајот не примивме гол со уште еден гол на Седоска успеавме да победиме со 34-14.

f4

Најдобри бројки имаат голманките на Вардар, на оваа средба. Во првиот дел настапи Јована Трајкоска која имаше 7 одбрани ( 46% успешност, 7/15), Грујовска Симона имаше одличен втор дел со исто така 7 одбрани (54%, 7/13) покрај тоа имаа фатено и по еден пенал, 6 гола постигна Мирјана Петковска, Седлоска Андреа имаше пет гола, пикерот Џатевска Ивана одигра одлична партија и погоди 4 пати.