Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Новак се враќа во составот
Новак се враќа во составот

Новак се враќа во составот

По еден натпревар пауза поради акумулирани пет жолти картони, дефанзивецот на Вардар, Евгениј Новак се враќа во тимот за утрешниот натпревар во Струмица против Беласица.

Вардар на овој натпревар ќе се обиде да стигне до првата сезонска победа против овој тим, по двата неуспеха и одиграните 1:1, во Скопје и Струмица.

На утрешниот натпревар нема картонирани играчи, па така Васоски ќе може да смета на сите играчи, освен на оние кои од поодамна се повредени, а тоа се Попов и Цветаноски.

Одиграни дуели оваа сезона на двете екипи:
04.11.2018 – Вардар – Беласица 1-1
01.09.2018 – Беласица – Вардар 1-1