ФК Вардар генерација родени 2006, денес на терените на Фудбалската федерација на Македонија одигаа два меча со екипите на ФК Форца. На овие две средби во детската лига момците на Спасевски Филип дојдоа до една висока победа и до еден пораз.
ФК Вардар-1 во дербито го совлада тимот на ФК Форца-1 со високи 10-0. Ние доминиравме уште од почетокот на дуелот. На одмор заминавме со високи пет гола предност во однос на ривалот. Најпрвин отвори со гол Нуман Ајетовиќ кој погоди за 1-0. Веднаш потоа со два брзи гола на Марко Николовски и Алтин Нурединовски ние поведовме со 3-0. Доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра на оваа средба. За предност со четири гола погоди Алтин Алији, кој претходно имаше неколку нереализирани прилики. Печат на првиот дел стави Величковски Андреј со голот за 5-0, резултат со кој се замина на одмор.
Вториот дел почна со обид на Николовски Марко кој не го претвори во погодок. Веднаш потоа Алтин Алији умешно прими една топка, рутинирано погодувајќи за 6-0. Денес ,Марко Николовски играше добар меч, исфрли двајца чувари, го дригна и голманот погоди на празна мрежа за 7-0. Противникот ретко се закануваше, по еден слободен удар на нашиот гол одлично одбрани Андреј Данстак. Нурединовски погоди веднаш како казна за ова промашување на Форца, постигнувајќи го осмиот гол во нивната мрежа. Видовме една мала мајсторија на момците во црвено-црно, од корна прецизно центираше Марко Николовски, прекрасно го глава “заби“ Порчу. Точка на победата стави Алтин Алији , кој умешно изведе казнен удар, пенал. Со неговиот гол беа поставени конечните 10-0.
Во втората средба избраниците на Спасевски, момците од ФК Вардар (2) беа совладани од тимот на ФК Форца 2. Одигравме добро прво полувреме кое заврши со резултатска симетрија. Поразот со два гола дојде во вториот дел. Бевме совладани со резултат 3-1 на оваа средба.
Почнавме добро, се боревме во поле со ривалот и успеавме да поведеме со 1-0, стрелец за нас беше Антони Динов. Потоа ривалот изедначи на 1-1. Во вториот дел со два нови гола тие дојдоа до победа со 3-1.