Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Победи за седум Вардарови ракометари на вториот ден на СП во Франција
Победи за седум Вардарови ракометари на вториот ден на СП во Франција

Победи за седум Вардарови ракометари на вториот ден на СП во Франција

На вториот ден на светското ракометно првенство, настапија седум ракометари од екипата на Вардар. Сите забележаа победи со своите репрезентации. Македонија, Русија и Шпанија ги запишаа првите бодови на овој мундијал.

Ккао што известивме во текот на вчерашниот ден, Македонија не израдува со голема победа против селекцијата на Тунис. Иако во еден момент бевме во негатива од четири голови, на крајот собравме сили да направиме пресврт и да го добиеме натпреварот со резултат 34:30. Кирил Лазаров постигна 12 голови, додека по 7 беа дело на Стојанче Стоилов и Дејан Манасков.

Русија имаше добар почеток на СП во првото коло од групната фаза, совладувајќи ја селекцијата на Јапонија. Уште на стартот имаа водство од 4:0, а нивната предност во текот на првото полувреме не беше поголема од пет голови разлика. Имаа водство од 18:13, но во последните две минути од првиот дел Јапонија успева да намали на 18:15. Јапонија и во второто полувреме, посебно во првите десет минути одржуваше резултатска неизвесност, кога се доближи на само еден гол негатива. Сепак во продолжение од мечот, направија голем број на грешки, што Русија умешно ги казнуваше. На крајот испадна и убедлива двоцифрена победа, изразена со резултат 39:29. Вардаровите играчи, Дибиров и Шишкарев беа најефикасни со по 6 голови, како и Павел Атман со ист број на погодоци.

Шпанците во второто полувреме го скршија отпорот на Исланд и на крајот триумфираа за прва победа во групата. Исланд отвори со водство од 0:2, а првиот гол “фуријата“ го постигна во петтата минута. Во 8 минута го видовме и првото израмнување, додека веќе во следната минута за прв пат, Шпанија имаше водство од 4:3. Благодарение на одбраните на Густафсон, кој имаше и три одбранети седмерци од исто толку обиди, Исланд за прв пат на натпреварот имаше и водство од 5:7. Неговото име на крајот се најде и во листата на стрелци, кога погоди од гол на гол, за предност од 6:9. До крајот на првото полувреме, Шпанија само го намали резултаот на 10:12, а еден од последните погодоци за Шпанија беше дело на Жоан Кањелас.

По само шест минути игра во вториот дел, избраниците на Жорди Рибера стигнаа до израмнување 13:13, но Илснад повторно се одлепи на два гола предност 13:15. Од тие моменти следи голем пад во нивната игра, Шпанија направи серија од 6:0 и комплетно го сврте резултатот во своја корист. Така стигнаа до солидно водство од 19:15, а на шест минути пред крајот имаа и највисоки шест голови 23:17. Конечниот резултат гласеше 27:21. Кањелас го заврши натпреварот со три голови, додека Душебаев не постигна гол.