Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Во црвено-црниот пекол падна и Киелце, Душебаев и пулените заминаа со наведнати глави од Скопје
Во црвено-црниот пекол падна и Киелце, Душебаев и пулените заминаа со наведнати глави од Скопје

Во црвено-црниот пекол падна и Киелце, Душебаев и пулените заминаа со наведнати глави од Скопје

Денес во рамки на последното, 10.коло за оваа година во ЕХФ Лигата на шампионите РК Вардар во “Јане Сандански“ го пречека тимот на Киелце. Во овој дерби дуел момците на Парондо победија со 28-27.
Треба да се напомене дека пред дуелот Карачиќ им врачи дресови на поранешните вардарци, Душебаев кој доби свирежи и Циндриќ кој доби бурна реакција од гледалиштето.

t2

Отворивме со голот на Сташ Скубе на почетокот за 1-0, противникот успеа со два гола да го преземе водството.   Во 11.минута со голот на Тимур Дибиров од крило поведовме со 6-3, нашите момци беа во налет и направија серија 4-0 со која ја дигнаа атмосферата во “Јане Сандански“.  Со голот на Столе Стоилов првпат  поведовме со плус четири во 16.минута стоеше 9-5,а гостите побараа минута одмор. Вардар ја стабилизираше оваа предност па во последните 10.минути влеговме со предност 11-7 на семафорот во “Јане Сандански“.  Се играше гол за гол и потоа па на 5.минути до крајот беше 13-9, кога Дисингер со “бомба“ не однесе на плус пет 14-9.  Гостинот намали на 14-11 па Парондо на 2.минути до крај побара минута одмор.  За жал не успеавме да погодиме, на нашиот гол Милосављев во првиот дел имаше шест одбрани што ни помогна на одмор да заминеме со предност.

t5

Првиот напад во вториот дел го имаа гостите кои намалија на само два гола предност, 14-12. Милосаљев врза две одбрани па во 33.минута се вративме на плус четири, 16-12. Гостинот ја преполови повторно нашата предност, па по 7.минути игра водевме со 17-15.  Вардар кога беше најпотребно зблеска, иако бевме без Калараш кој доби суспензија,  напраивме серија 3-0 и со голот на Шишкарев поведовме со пет гола, односно  21-16.  Вардар денес беше тим кој диктираше темпо, иако имавме силен и “жилав“ противник против себе кој постојано се враќаше, тие намалија на 23-21 во 48.минута.  Следеше игра гол за гол се до 25.минута кога полскиот тим опасно се доближи и намали на еден гол, 26-25 по што Пародно побара тајм-аут. Промашивме напад, имаше голема опасност од реми, но одигравме одлично во одбраната, а во нападот казни Дисингер за 27-25 на 3.минути до крај. Драматично беше во последните минути во Скопје, Карачиќ погоди за 28-26, а Калифа одбрани зицер. Вардар победи со 28-27.

Кристопанс постигна пет, додека Скубе 4 голови во редовите на Вардар. Ова беше последен меч во ЛШ за оваа година. Милосављев имаше 11 одбрани, додека Гедбан една, ама вредна.