Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо и Кристопанс: Среќни сме што победивме, со оглед дека имаме мала ротација
Парондо и Кристопанс: Среќни сме што победивме, со оглед дека имаме мала ротација

Парондо и Кристопанс: Среќни сме што победивме, со оглед дека имаме мала ротација

По голема борба, екипата на Вардар успеа да го “сруши„ тимот на Киелце и да слави пред полната арена, минимално со резултат 28:27. Црвено-црните во најголем дел од мечот имаа предност, која најмногу достигна до пет голови. Гостите од Полска во финишот на мечот стигнаа до само еден гол негатива, но благодарение на голот на Карачиќ и одбраната на Гедбан, успеавме да славиме на овој натпревар од најсилната група А. На прес-конференцијата после завршување на мечот пред медиумите се обрати, стратегот на Вардар, Гарсија Парондо кој го изјави слецново:

-Задоволен сум од резултатот и борбата на играчите. На стартот од дуелот стигнавме до пет гола, но потоа падна ритамот. За жал имаме многу повредени играчи па затоа се намалува ротацијата. Сепак мораме да бидеме среќни што успеавме да победиме екипа како Киелце. Напорно е да се игра во Лигата на Шампионите, секој дуел е тежок и неизвесен.

Своите видувања од дуелот ги истакна и Кристопанс кој денес беше прв стрелец во редовите на Вардар.

-Одличен натпревар за кој подолго време се подготвувавме. Одигравме цврсто во одбраната, но во еден момент падна нашата игра, па дозволивме Киелце да се доближи. Сепак среќни сме што на крајот успеавме да победиме.