Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Прилеп подобар од Вардар Јуниор, на меч од Супер лигата
РК Прилеп подобар од Вардар Јуниор, на меч од Супер лигата

РК Прилеп подобар од Вардар Јуниор, на меч од Супер лигата

Екипата на Вардар Јуниор е поразена на гостувањето во Прилеп, на натпревар од 12.коло во најсилната Супер лига. Младиот состав на Стојан Петрушевски даде силен отпор, но на крајот беше поразен.

Вардарци подобро го започнаа натпреварот кога имаа водство од 1:3, но сепак во следните пет минути, домашниот тим со серија од 4:1 успеа да стигне до првото свое водство на овој натпревар. До крајот на првиот дел екипата на Прилеп беше во предност, која најмногу достигна до три гола (10:7), но Вардар Јуниор успеа да се врати во игра и да намали на 11:10. До крајот на првиот дел се играше гол за гол на двете страни, па тимот на Прилеп на полувреме замина со минимално водство од 12:11. Второто полувреме започна со серија на противникот од 2:0 кои ги вратија оние три гола позитива. Вардар Јуниор не се предаде и повторно стигна до гол негатива (14:13) Гледавме периди на променлива игра од двете страни. Секогаш кога Прилеп ќе се одлепеше на 3-4 гола разлика, младите вардарци собираа сили да намалат, така беше и во случајот кога од 18:14 негатива, намалија на 20:19. Сепак во последните седум минути, домашниот тим се покажа како побрисебен и на крајот слави со резултат 25:22.

Најефикасен во редовите на Вардар Јуниор беше Никола Цветаноски кој постигна 5 голови, додека Стефан Атанасовски додаде 4. Во листата на стрелци се запишаа уште и Дејан Кукуловски, Мартин Димов, и Александар Нанов кои постигнаа по 3 гола, додека два гола беа дело на Ален Ќосевски. По еден гол постигнаа Стефан Крстевски и Мартин Карапалевски.