Во полн ек се подготовките за Светското првенство во Германија, селекциите играат пријателски дуели со цел темпирање на формата за планетарниот собир. Вчера четири играчи на Вардар имаа свои настапи на два различни балкански тест-натпревари.
На мечот Македонија-Србија на кој црвено-жолтите победија со 37-31 настапија тројца вардарци. Кај гостите голманот Милосављев Дејан имаше три одбрани, во домашниот табор Стоилов Стојанче и Поповски Мартин постигнаа по еден гол. Денес повторно овие две селекции ќе одиграат меѓусебен дуел.
Хрватска теститаше со селекцијата на Црна Гора, хрватите на оваа средба дојдоа до убедлива победа контолирајќи го целосно дуелот со резултат 34-22. Нашиот среден бек, Игор Карачиќ на овој натпревар зад своето име впиша два погодока. “Каубоите“ денес ќе тестираат со селекцијата на Италија.
Избраниците на Кокшаров попладнево ќе одигаат пријателски дуел со селекцијата на Шведска со почеток во 16-00 часот. Свој настап во оваа руската селекци се очекува да имаат дури четири играчи на Вардар, станува збор за десното крило Данил Шишкарев, левото крило Тимур Дибиров, пикерот Глеб Калараш и десниот бек Дмитри Кисељев.
Покрај овие играчи во подготовките, а потоа на Светското првенство дел ќе бидат и четири тренери. Во нашата селекција дел од стручниот штаб се Парондо и Царчев, а во “Зборнаја“ селектор е вардаровиот спортски директор Кокшаров, за голманите е задолжен Периќ.