Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија си “поигра„ со Србија, како подготовка за СП
Македонија си “поигра„ со Србија, како подготовка за СП

Македонија си “поигра„ со Србија, како подготовка за СП

Македонската ракометна репрезентација победи на првиот од двата контролни натпревари, против селекцијата на Србија, како подготвка за претстојниот мундијал во Германија и Данска.

Може да се каже дека полесно од очекувањата успеаве да го добиеме вечерашниот дуел кој се одигра во С.Ц. Борис Трајковски. Откако по првите 10 минути се играше гол за гол, избраниците на Гонзалез за прв пат имаа предност од два гола во 14 минута кога резултатот на семафорот беше 8:6. До крајот на првото полувреме успеавме да се стекнеме со солидно водство од шест голови (19:13) беше резултатот по првиот дел. Најрасположени за игра кај нашата репрезентација беа Дејан Манасков кој постигна 5 гола, додека на голот Борко Ристовски имаше 7 одбрани.

Второто полувреме започна со гол на Кирил Лазаров за највисоки 20:13. Дефинитивно слабо издание на Србија, која ништо не покажа на овој прв меч, за разлика од Македонија која покажа разновидност во играта. Со голот на Стојанче Стоилов во 39 минута поведовме со 26:17, додека две минути подоцна имавме и двоцифрена предност од 27:17. Првиот гол на дуелот го постигна и вториот вардарец, тоа е крилото Мартин Поповски со чиј гол имавме највисоки 31:19. Следуваше период кога Србија направи серија од 0:4 и намали на 31:23, но Македонија бргу врати и со два погодоци зголеми на 33:23. Тренерот Гонзалез им даде шанса на најголем дел од ракометарите, а два гола од седум метри постигна и најмладиот, Серафимов. На крајот рутинска победа за Македонија, со резултат 37:31.

Дејан Манасков беше најдобар стрелец со 9 голови. Што се однесува до учинокот на вардаровите играчи, Стоилов и Поповски постигнаа по еден гол, додека на голот на Србија, Милосављев за 20 минути поминати на теренот имаше 3 одбрани. Вториот контролен меч на овие две репрезентации ќе се одигра утре, кој ќе биде од затворен карактер.