Откако беше прогласен најдобриот тим во СЕХА-лигата за месец декември, медија тимот на СЕХА направи избор и на најдобрите голови за последниот месец од 2018 година. Во ТОП-5 погодоци место имаше и за Кристијан Дисингер од редовите на Вардар, неговиот погодок на дуелот против Железничар, на кој Вардар славеше се најде во изборот за најдобри погодоци.
Место во изборот за најдобри голови имаше и за Џорџиќ ( Брест Мешков), Вида ( Нексе),Шпенде ( Металург) и Шиловиќ ( Брест Мешков).