РК Вардар е освојувач на 51.издание на турнирот во Струга, откако во големото финале го победи тимот на Алкалоид (20:25). Ова за Вардар е вкупно 14.освоен трофеј на струшкиот турнир, со што стана и рекордер.
По одигрување на финалниот натпревар, покрај доделување на трофејот, беа доделени и поединечни награди. За МВП е прогласен играчот на Вардар, Косуке Јасухира, додека најдобар голман е Мартин Томовски.