Ракометниот клуб Вардар го освои првиот трофеј во новата сезона. Црвено-црните триумфираа на 51.издание на традиционалниот турнир во Струга, откако во големото финале го победија тимот на Алкалоид со резултат 20:25.
Новиот директор на клубот, Борко Ристовски истакна задоволство од освоениот трофеј. Посебно горд на овој трофеј. Нека биде ова почеток на успешна сезона за Вардар, напиша Борко на социјалните мрежи.