Изминативе два дена на програмата беше младинскиот ракометен турнир “Еден живот, една љубов„ кај генерацијата на играчи родени 2004/05 и 2006/07 година. Вардар кај повозрасните и Бисинов кај помладите успеаа да го освојат првото место на турнирот.
Покрај трофеите за најдорите три екипи и медалите, по одигрување на финалните натпревари се доделуваа и поединечни награди за најдобар играч, стрелец и голман.
Кај генерацијата 2004/05 година наградата за најдобар стрелец ја доби Давид Димевски од екипата на Карпош од Куманово. Димевски беше лидер на кумановчани на сите натпревари, успевајќи да постигне дури 69 голови.
Кристијан Кралев од екипата на Аеродром го доби признанието за најдобар голман, неговиот тим го освои второто место откако загуби во финалето од Вардар.
За најдобар играч на завршниот турнир е играчот на Вардар, левиот бек Марио Стојановски кој одигра одличен турнир.
Награди се доделуваа и кај помладите, родени 2006/07 година. Најдобар стрелец е Мако Павлов од Ѓорче Петров кој постигна 44 голови на четири натпревари.
Признанието за најдобар голман заврши во рацете на Јован Ѓошевски кој успеа со екипата на Бисинов да го освои првото место на турнирот.
Најдобар играч во оваа генерација е Марко Каевски од Урдаревски Вардар.
Поединечните награди ги доделуваа Индира Кастратовиќ, Зоран Петковски, Марија Папуџиева и Алексеј Растворцев.