Tuesday ,10 December 2024
Последни:
Home > Slider > Дибиров е прв стрелец на СП, после 4.одиграни кола
Дибиров е прв стрелец на СП, после 4.одиграни кола

Дибиров е прв стрелец на СП, после 4.одиграни кола

Денес ќе се одигра последното 5.коло по групи на Светското ракометно првенство во Германија и Данска, по што ќе бидат познати патниците во следната фаза.

Што се однесува до листата на најдобри стрелци после четири одиграни кола, истата ја предводи ракометар кој доаѓа од редовите на Вардар. Се работи за левото крило на Руската репрезентација Тимур Дибиров кој го дели врвот со Уве Генсхајмер од Германија. И двајцата имаат постигнато по 29 голови. Дибиров на мечот со Србија постигна 12 голови, во дуелот со Германија имаше 8, на натпреварот со Бразил имаше 6 погодоци, додека на мечот со Кореја во кој одигра 35 минути постигна 3 голови, тоа се вкупно 29 голови за Дибиров.

Во ТОП-10 листата на најдобри стрелци се наоѓаат и Кирил Лазаров кој има запишано 25 голови зад своето име, како и Дејан Манасков со 20 голови.