Изминативе два дена финишираше еден дел од ракометниот младински турнир “Еден живот, една љубов„. Познати се победниците и конечниот пласман на екипите во две возрасни генерации. Кај генерацијата родени 2004/05 година првото место му припадна на Вардар кој во големото финале го победи тимот на Аеродром, додека третото место е за екипата на Урдаревски која беше поуспешна од Карпош. Кај генерацијата 2006/07 шампион е Бисинов кој успеа да забележи четири победи од исто толку одиграни мечеви, додека втората позиција е за Урдаревски.
По одигрување на завршните натпревари се доделуваа трофеи и медали за најдобрите три екипи на турнирот, како и поединечните награди.