Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Бисинов е освојувач на турнирот “Еден живот, една љубов“ кај генер. 2006/07
РК Бисинов е освојувач на турнирот “Еден живот, една љубов“ кај генер. 2006/07

РК Бисинов е освојувач на турнирот “Еден живот, една љубов“ кај генер. 2006/07

Претстојниве два дена во С.Ц. Јане Сандански започна новото издание на младинскиот ракометен турнир “Еден живот, една љубов„ кој го организира Вардар. Кај генерацијата родени 2006/7 година во машкиот дел учество земаа пет екипи, кои се натпреваруваа по системот секој против секого. Првото место е за екипата на РК Бисинов од Велес која успеа да победи на сите четири натпревари, додека второто место му припадна на РК Урдаревски. Во текот на денешниот ден исто така се одиграа пет натпревари.

Во првиот утрински дуел, екипата на РК Ѓорче Вардар триумфираше со неверојатен пресврт над тимот на РК Ангели Вардар со резултат 13-10. Во првиот дел со 2-1 поведе Ѓорче по што следеше голем пад во нивната игра. Противникот доминираше во продолжение постигна шест гола, а прими само еден па на полувреме тимот на Ангели замина со водство до 3-7.

Вториот период започна рамноправо со по три гола во двете мрежи, па Ангели и понатака водеа со плус четири, 6-10. По овој момент на теренот играше само една екипа, та на РК Ѓорче Петров, која ги затвори сите приоди кон нивниот гол и со неверојатна серија до крајот од 7-0 успеа да триумфира со 13-10 на неверојатен начин.

Екипата на Бисинов стигна и до третата победа на турнирот, откако беше поуспешна од екипата на Урдаревски, со резултат 10:18. Ова беше вториот меч од денешната предвидена програма. Екипата на Урдаревски подобро го започна овој натпревар, кога имаше водство од 3:2, но до крајот на првото полувреме, тимот од Велес успеа да направи серија од 1:7 и на полувреме да има предност од 4:9.

49900322_2026775287369307_6085258322380849152_n 50272820_2026775347369301_8870538764091392000_n 50303909_2026775444035958_3090731635264454656_n 50866847_2026775337369302_3633304584501329920_n

На стартот од второто полувреме, екипата на Урдаревски успеа да постигне два гола и да го намали резултатот на 6:9. Сепак со нова серија, тимот на Бисинов се одлепи на највисоки 6:13, по што беше јасно кој ќе добие овој меч. Немаше резултатска неизвесност до крајот, екипата на Бисинов славеше со резултат 10:18. Инаку ова беше и натпревар кој го одлучи шампионот во оваа возрасна генерација, со оглед дека и двете екипи имаа по две победи после првиот натпреварувачки ден.

Ѓорче Петров дојде до триумф и во соочувањето со тимот на РК Карпош Вардар совладувајќи го ривалот со 26-10. Победата беше најавена уште во првиот дел кога од минута во минута се одлепуваа од противникот па на одмор заминаа со резултат 15-6, однсосно со девет гола плус.

Во вториот дел продолжи сликата од првиот период, Ѓорче погодуваше, а кумановци не успеаваа да вратат со иста мерка. Се зголеми предноста па победата дојде со резултат 26-10 на оваа средба од зимскиот турнир.

49432681_2026775840702585_1830414950162497536_n 50070739_2026775784035924_83260900265426944_n

РК Урдаревски Вардар лесно го совлада тимот на РК Карпош од Куманово, со високи 19-7. Првиот дел покажа дека станува збор за два нерамноправни противници, кумановци не можеаа да парираат на ривалот. Скопскиот тим успеа да замине на одмор со високи 10-0 на своето конто.

Во вториот дел РК Карпош Вардар на почетокот се “разбуди“, успеа да биде подобар противник на старот правејќи серија 1-3, со која намали на 11-3.  Во продолжение на секој два гола на Скопскиот тим, РК Урдаревски, тимот на Ј.Миодраг-Црни успеа да врат со по еден и да ја подобри сликата. На крајот победата за Урдаревски дојде со резултат 19-7.

Во последниот натпревар кај оваа возрасна генерација тимот на РК Бисинов од Велес ја совлада екипата на РК Ангели од Скопје  со одлична игра во вториот дел. Велешани отворија добро поведоа со 3-1, а потоа и со 5-2. Скопскиот колективв успеа да се врати во игра, со мини серија 1-3  натпреварот на пауза го однесе со минимална негатива од еден гол. На семафорот во “Јане Сандански“ стоеше резултатот 6-5.

Во вториот дел скопскиот тим изедначи најпрвин на 6-6, а потоа беше повторно реми 7-7. Тимот на Бисинов успеа да се одлепи потоа, од минута во минута го зголемуваше резултатот во своја корист на крај триумфирајќи со 13-9 на оваа средба од зимскиот турнир во организација на Академијата на РК Вардар. На тој начин тимот на Бисинов стигна и до четвртиот триумф на турнирот, со што го освои првото место.

Вака изгледа конечниот пласман на екипите на турнирот “Еден живот, една љубов„

1. Бисинов

2. Урдаревски

3. Ѓорче Петров

4. Ангели

5. Карпош