Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гуенштед: Се чувствував како да сум на фудбалски стадион, досега не сум видел такво нешто во мојата ракометна кариера
Гуенштед: Се чувствував како да сум на фудбалски стадион, досега не сум видел такво нешто во мојата ракометна кариера

Гуенштед: Се чувствував како да сум на фудбалски стадион, досега не сум видел такво нешто во мојата ракометна кариера

Дарио Гуенштед, чуварот на мрежата на великанот Кил, вели дека секогаш ќе остане во неговото сеќавање гостувањето во Скопје бидејќи се чувствувал како да е на фудбалски стадион. Исто така Гуенштед потенцираше дека досега никогаш не видел такво нешто во неговата ракометна кариера.

„И покрај тоа што јасно победивме, Вардар прослави со фанатичните навивачи. Атмосферата во салата беше феноменална. Се чувствував како да сум на фудбалски стадион. Никогаш досега не сум видел такво нешто во мојата ракометна кариера“, вели Дарио Гуенштед.

Вардар овој натпревар на кој добро се сеќаваме сите, доживеа дебакл и загуби со убедливи 20-31.