Во новата натпреварувачка сезона на ЛШ ќе гледаме нов формат на натпреварување, кој ќе донесе и поголема добивка за екипите.
ЕХФ и официјално ги потврди сите 16 учесници кои ќе бидат дел од Лигата на Шампионите, која треба да стартува на 16 или 17.септември. Сите екипи кои ќе се натпреваруваат во ЛШ од старт ќе добијат по 210.000 евра, а секој освоен бод има бонус од 5.000 евра, а доколку го освојат првото или второто место во групата ќе има дополнителен бонус (30.000 евра), како и за пласманот во осминафиналето (30.000 евра) и четвртфиналето (30.000 евра).
На 1.јули, Вардар ќе ги дознае противниците во рамките на групната фаза.