Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пријателите го изненадија Кантегрел, „Добредојде во Вардар“
Пријателите го изненадија Кантегрел, „Добредојде во Вардар“

Пријателите го изненадија Кантегрел, „Добредојде во Вардар“

Во новата натпреварувачка сезона, Вардар доби француско засилување, откако Робин Кантегрел се договори со клубот да биде новиот голман. Кантегрел заедно со Борко Ристовски и Марко Кизиќ ќе го сочинуваат голманскиот тандем во редовите на се уште актуелниот Европски Шампион.

Подготовките на Вардар треба да започнат на 18.јули, а Кантегрел се наоѓа во родната земја. Поради ситуацијата со корона вирусот аеродромите треба да се отворат на почетокот на месец јули, за францискиот голман да допатува во Скопје.

Во меѓувреме, неговите пријатели му приредија изнедадување и со торта на која пишува „Добредојде во Вардар“ му посакаа многу успеси во новиот клуб.

vardarfans-kantegrel