Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Веќе обезбедивме две полуфиналиња во Белград. Младинците и пионерките со триумфи денес
Веќе обезбедивме две полуфиналиња во Белград. Младинците и пионерките со триумфи денес

Веќе обезбедивме две полуфиналиња во Белград. Младинците и пионерките со триумфи денес

Oдлични вести ни пристигаат од главниот град на нашиот северен сосед, Србија. Веќе утрово два наши состава на турнирот “Трофеј Белград-2016“ обезбедија со победи пласман во полуфиналните мечеви од турнирот. Тоа се пионерките на Вардар предводени од Драгана Пецевска Ристовска и младинската екипа која е предводена од Зоран Петковски и Слободан Чивлачки. Двата млади вардарови колектива денес дојдоа до триумфи и го заверија полуфиналето и најавија борба за медали на овој силен меѓународен турнир.

Утрово пионерките на Вардар се пласираа во полуфиналето на турнирот „Трофеј на Белград“ откако во утринскиот  натпревар се сретнаа и го победија тимот на Јуниор. Црвено-црните девојки триумфираа со доминантна игра во текот на целиот дуел, победувајќи со  високи 24:6. Прв стрелец беше Донева со шест гола. По 3 додадоа Петковска и Дамјановска. Одлично го започнавме мечот и во првите пет минути имавме водство од 3:0. За момент противникот, екипата на Јуниор намали на 4:2, но од тој момент следеше “страшна серија на Вардарки од 9:1, за на полувреме да имае убедливо водство од 13:3. Во вториот дел само го зголемувавме водството, на секој погодок на Јуниор, Вардар враќаше со четири послетователни за на крај да забележиме убедлив триумф. Тие се “прошетаа“ низ групната фаза каде победија на три меча од исто толку дуели. Вчера одиграа два дуела, во  утринскиот обезбедија триумф против екипата на Космај (20:14), избраничките на Драгана Ристова и во вториот натпревар беа подобри од својот противник, екипата на Сингидунум со  16:9. Честитки до тренерот и девојките за овие резултати.

Денес утрово не израдува и машката младинска екипа на Вардар. Исто така и тие  ќе играат во полуфиналето на турнирот „Трофеј на Белград“. Овие момци имаа четири дуели во групата, утрово се сретнаа со екипата од Србија тимот на  Вождовац 2012. Во овој силем младински дуел  нашите ракометари го покажаа својот раскошен талент и победија со “плус пет“ односно со резултат 21-16. Момците иако се доста заморни денес беа одлични, тие вчера одиграа дури три натпревари на кои забележаа две победи и еден пораз. Вчера на првиот меч со  ОРК Земун, бевме минимално поразени со резултат 19:21. Потоа со РК Раковица успеавме да се вратиме во победнички ритам и на крајот да славиме со резултат 23:21.  Во третото коло од групата одигравме меч со екипата на Пожаревац,  во  славевме со конечен резултат од 19:16. Честитки за тренерскиот двоец Петковски и  Чивлачки и целиот тим кој одигра вака пеколни четири меча за речиси 24 часа.