Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар без бодови од гостувањато кај младинците на РК Работнички
Пионерите на Вардар без бодови од гостувањато кај младинците на РК Работнички

Пионерите на Вардар без бодови од гостувањато кај младинците на РК Работнички

Пионерите на Вардар гостуваа кај младинците на РК Работнички во 2.коло од младинската лига. Момците на Зенга успеаа да парираат во почетните минути против повозрасниот ривал, тие сезонава првпат се сретнуваат со поголеми ривали  и првпат играат мечеви по 60.минути.

Првиот дел нашите момци го започнаа рамноправно,  на почетокот беше 1-1, 2-2 и на крајот 3-3. Потоа противникот кој е значајно повозрасен успеа резултатски да се одлепува. Со серија од 7-1  домаќинот некаде на средината од првиот период успеа да поведе со високи шест гола предност, 10-4. До крајот на првиот дел тие со игра гол за гол ја одржуваа предноста и на крајот додатно ја зголемија. На пауза заминавме со резултат  17-9 за Работнички.

Вториот дел  противникот ривалот по само неколку минути игра успеа да отиде на двоцифрена предност поведувајќи со 20-10. До крајот Работнички,  успеваше да ја одржи високата  предност, ние одигравме солидно и париравме колку сме во можност. Поразот  на овој дуел од второто коло во младинската лига дојде со резултат 33-21.

Прв стрелец со 4 гола беше Алек Алексовски, по три гола испорачаа во мрежата на ривалот: Трифуновски Виктор и Никола Анакиевски.