Денес на терените на ФФМ, ФК Вардар со генерацијата 2010 одигра два дуели во детската лига, момците на Влатко Колев остварија две победи.
ФК Вардар (1) го совлада тимот на ФК Кул со високи 9-2. Ние тргнавме офанзивно, обиди имаа Срефан Ристиќ и Петар Васоски кои голманот ги одбранија. Прв резултатот го отвори Благојче Седлоски кој стрелаше за водство со 1-0. Ривалот успеаа да погоди брзо и врати со погодок, тие изедначија на 1-1. Стефан Ристиќ веднаш го врати водството погодувајќи за 2-1. Добивме пенал , успешен реализатор на истиот беше Филип Наумовски кој донесе водство од 3:1. На сцена стапи Стефан Ристиќ, тој беше незадржлив за своите чувари. На ривалот му „испорача“ три гола по ред со што поведовме со високи 6-1, резултат со кој се замина на одмор. Ние доминиравме во сите аспекти на фубдалската игра.
Противникот го отвори вториот дел со погодок за намалување на водството, по неколку минути игра резултаот беше 6-2. Марковиќ Далибор имаше три прилики, во првата не успеаа да погоди, во втората умешно погоди за пет позитива, 7-2. Веднаш потоа тој умешно погоди уште еднаш за високи 8-2. Доминиравме целосно на оваа средба, прашање беше само со колкава разлика ќе победиме. Триумфот дојде со седум гола предност, Наумовски ги постави конечните 9-2. Во вториот дел имаше неколку интервенции нашиот нов голман, Андреј Јанкуловски кој го замени Лозанов кој одбрани одлчно во првиот дел.
ФК Вардар (2) победи со тимот на Албарса, победата дојде со минимални 1-0 и тоа при самиот крај на мечот. Прва прилика на дуелот имавме ние преку Драган Гечев кој се обиде да погоди. Две големи шанси имавме за нов погодок, повторно Гечев беше во прилика. Голема шанса имаше Петар Васоски, тој се фудбалски направи сепак не дојде до наше водство. Ривалот се закани два пати, еднаш ја погоди и гредата. Последна прилика за нас во првиот дел имаше Лозанов, полувремето заврши со почетните 0-0.
Вториот дел започна со прилика на Албарса, нашиот голман Андреј Јанкуловски одлично одбрани. Големи шанси пропуштивме потоа, Јосифовиќ Лука и Илиќ Дарио се обидоа, но се уште немаше реализација. Никако не можевме да погодиме иако имавме повеќе од играта на овој дуел. Вардар целосно ја превзема иницијатива, а Лука Јосифовиќ имаше уште три прилики до крајот, во првите две не успеа да го надмудри голманот на ривалот. Во последната минута од натпреварот, Јосифовиќ успеа да го скрши „бункерот“ и да погоди за 1-0, доволно да се слави триумф на овој меч од детската лига.