Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Македонија прва на кадетската балканијада во Бугарија, вардарецот Савревски најдобар играч
Македонија прва на кадетската балканијада во Бугарија, вардарецот Савревски најдобар играч

Македонија прва на кадетската балканијада во Бугарија, вардарецот Савревски најдобар играч

По победата денес над екипата на РК Пирин, Македонија  е прва на кадетската балканијада во Бугарија. црвено-жолтите момци го освои ова натпреварување. Честити за нашите кадети на турнирот во градот Гоце Делчев покажаа огромен потенцијал.

Македонската кадетска селекција денес го совлада тимот на РК Пирин, екипа која имаше во своите редови повозрасни играчи. Првите минути ги отворивме одлично поведовме со високи 3-1, од минута во минута ја градевме нашата предност која на паузата изнесуваше пет гола, првиот дел заврши со резултат 17-12.

b2-2

Одлично го исконтолиравме и вториот период, победата дојде со резултат 35-26.  Савревски погоди два пати, Грујовски во одбраната беше фанастичен од вардарци. Пуленот на Царчев,  Ивановски од РК Алушевски имаше 15.одбрани или неверојатни 50% ефикасност.

По поразот на Бугарија од Романија во мечот кој се одигра по нашиот , (13:15 ) 21: 32 ние останавме на првата позиција. Македонија е прва со  две победи и едно реми, Бугарија е втора пласирана, Романците се третти, а на дното е Пирин.img-e202a923f69a22667c55c71798b9df37-vи

ВАРДАРЕЦОТ, ДАВИД САВРЕВСКИ Е НАЈДОБАР ИГРАЧ НА БАЛКАНИЈАДАТА