Денес кадетскиот тим на Вардар кој до лани се натпреваруваше и во пионерската лига имаше деби во младинската конкуренција. Нашите момци значајно помали од противниците ќе збираат ракометно искуство во оваа конкуренција. Момците на Будимир денес гостуваа кај РК Работнички тим кој игра претежно со играчи родени 1998 година, што е околу 3-4 години повеќе од нашиот тим. На овој дуел како гости покажавме храбра игра сепак бевме поразени со 33-29. Сосема одлично деби за овој млад тим во највозрасната младиснка категорија во земјава.
Натпреварот почна тврдо со по еден гол на двете стани за почетни 1-1, потоа се играше игра гол за гол се до 4-4. Домаќинот почна полека да се одлепува, од минута во минута зголемуваше, највисоката предност за Работнички беше во првиот дел три плус при 10-7. До крајот ние успеавме да парираме на повозрасниот тим, и дури и ја намаливме предноста па на пауза заминавме со резултат 15-13.
Во вториот дел ние влеговме храбро и со серија 1-3 ја анулиравме предноста на домаќинот, изедначувајќи на 16-16. резултатската ниѓалка околу реми исходот траше се до 20-20. Потоа за жал искуството, но и разликата во возраста на противникот дојде до израз кога со серија 5-0, се одлепија на 25-20. Сепак храбрите вардари не се предадоа и овој шат без борба, ги конслоидираа своите редови па во финишот влеговме со минимална негатива од 28-27. Сепак немавме сили да дојдеме до целосен пресврт па бевме поразени со 33-29.
Кај нас прв стрелец на дуелот беше Србиноски со 7.гола, Савревски имаше 6, Мишевски заврши со 4 погодока, апак по три гола постинаа двајца момци- Чакалиќ и Павлоски