Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: Не можеме да бидеме среќни од резултатот – Чупиќ: Ќе играме подобро на следниот натпревар
Парондо: Не можеме да бидеме среќни од резултатот – Чупиќ: Ќе играме подобро на следниот натпревар

Парондо: Не можеме да бидеме среќни од резултатот – Чупиќ: Ќе играме подобро на следниот натпревар

Прв пат сезонава Вардар не успеа да победи, во рамките на најсилната група А од Лигата на Шампионите. Екипата на Киелце имаше предност во текот на целиот меч и на крајот заслужено ги освои бодовите. Вардар направи многу грешки, а исклучувањето на Борозан само ја отежна работата. На прес-конференцијата после завршување на дуелот, тренерот Парондо ги искажа впечатоците од мечот во Полска.

-Честитки до ракометарите на Келце за победата, тие играа подобро од нас. Не можеме да бидеме среќни од резултатот на овој натпревар. На почетокот загубивме еден играч поради црвен картон и потоа беше тешко да играме 60 минути без него, затоа што немавме широк избор во ротацијата. Не можевме да ја задржиме концентрацијата и оттука овој неуспех. Денеска можевме да играме подобро, истакна Парондо.

Чупиќ истакна дека е секогаш тешко да се игра во Киелце и дека Вардар ќе игра подобро на следниот натпревар.

-Во Келце, секогаш е многу тешко да се игра. Салата беше исполнета како и обично, а тоа е одлично чувство. Беше многу тешко да се игра во ист ритам во текот на целиот натпревар. Еден од нашите играчи не беше во можност денес да игра, бидејќи е повреден, а друг доби црвен картон многу рано. Се боревме цел натпревар, се обидовме да ја смениме одбраната во 5-1. Честитки за противникот, за нив ова се два многу важни бодови. Ние ќе играме подобро следниот меч.