Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Киелце ја прекина нашата победничка серија, Циндриќ му “пресуди„ на Вардар
Киелце ја прекина нашата победничка серија, Циндриќ му “пресуди„ на Вардар

Киелце ја прекина нашата победничка серија, Циндриќ му “пресуди„ на Вардар

Вардар прв пат сезонава е поразен во Лигата на Шампионите. Киелце е тимот кој ја прекина нашата серија и успеа да слави пред својата публика со резултат 31:27.

Лошо започна натпреварот за нашиот шампион, кој не успеа да искористи три напади по ред, а тоа го казни Киелце кој имаше водство од 3:0. После пресечена топка, Дибиров истрча сам и погоди во празната мрежа на домашниот тим, за намалување на 3:1 во 6.минута од мечот. Следниот гол беше дело на Борозан за намалување на 3:2, што се покажа и како единствен за него на овој натпревар, со оглед дека во 13 минута црнагорецот доби директен црвен картон поради направен фаул врз Јурецки. Ни требаше време да ја пронајдеме својата игра и во нападот и во одбрната, а Киелце делуваше супериорно па со погодокот на Јаглевски стигнаа и до највисоки четири гола предност (8:4). Милосављев ја забележа и втората одбрана, а Карачиќ го замени исклучениот Бороззан. Токму со погодокот на хрватскиот репрезентативец ја преполовиме негативата и намаливме на 8:6, но полјаците вратија со два гола во серија и повторно имаа четири гола поззитива (10:6). Како се ближеше првото полувреме, заигравме подобро и во двата правци. Шишкарев постигнува ефектен гол од нашата половина и намалува на 19 во 21 минута, а истиов играч после четири минути игра му носи на Вардар заостанување од само еден погодок (13:12). До крајот на првото полувреме се играше гол загол, иако избраниците на Парондо имаа и последен напад за израмнување, сепак не успеавме да го искористиме, а Стоилов заработи и искклучување, па вториот дел го започнавме со играч помалку. На голот, Милосављев стигна до вкупно 5 одбрани и имаше подобар процент на одбранети удари од неговиот колега од српската репрезентација, Цупара кој имаше 4 интервенции. Киелце по првите 30 минути има предност од 16:15.

Вториот дел започна со цепелин на поранешните вардарци Душебаев и Циндриќ, кои успешно го реализираат. Вардар не успева да ги искористи двата одбранети зицери на Милосављев и не успева да реализира два напади. Поради неспортски потег на Алекс Душебаев кој го отурна Шишкарев, судијата му покажува црвен картон. Лошти две минути за Вардар, кој му дозволи на Киелце да направи серија од 3:0 и да има повторно најголеми четири гола предност (21:17) во 40 минута. Чупиќ најпрво промаши пенал, а потоа и направи пробивање, што Киелце целосно го казни. Цупара влезе во ритам, брани удар и на Стоилов, а Блаж Јан погодува за највисоки 22:17. Кога Милосављев веќе има десет одбрани, а Киелце има пет гола позитива, тоа значи дека денес не му оди на Вардар, многу промашени удари и изгубени топки за нашиот тим. Сепак карактеристика за Варда е да не се предава, па така е и на овој натпревар. Правиме серија од 0:3 и сo голот на Дибиров намалуваме на 24:22. По тајмаутот на Талант, неговите избраници постигнуваат два гола во серија и се одлепуваат на 26:22 во 50 минута. Вардар немаше сили да се врати и на крајот е поразен со резултат 31:27.

Дибиров и Скубе беа најефикасни со 6 голови, Милосављев имаше 11 одбрани.