Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Младинките на ЖРК Вардар со убедлива победа над РК Кузман во 1.коло од новата сезона
Младинките на ЖРК Вардар со убедлива победа над РК Кузман во 1.коло од новата сезона

Младинките на ЖРК Вардар со убедлива победа над РК Кузман во 1.коло од новата сезона

Убедлива победа на деби настапот во младинската женска лига за ЖРК Вардар против тимот на РК Кузман од Скопје. Денес во малата сала “Јане Сандански“ во Скопје во рамки на 1.коло од женската младинска лига избраничките на Симовски и Ристова го совлaдаа својот противник со високи 37-14 (21-3).

y

Мечот започна со одбрана на Трајкоска Јована која пак  во напад ја награди Мирјана Петковска за почетни 1-0.  Имавме одличен старт на мечот, со голот на Седлоска во 6.минута поведовме со 4-0 по што гостите го искористија првиот тајм-аут за консултации. Од минута во минута постојано растеше предноста на црвено-црните, на голот ја имавме одличната Трајкоска која во првиот дел фрли и 7.контри. На плус десет, односно со двоцифрена предност поведовме во 19.минута откако Седлоска умешно изведе еден пенал за 12-2.

y4

За само 4.минути отидовме и на плус 15, со вториот гол по ред во 23.минута Ана Марија Коларовска зголеми на 17-2.  До крајот игравме рутинирано, додатно ја зголемивме предноста па на одмор заминавме со резултат 21-5 на семафорот во малата сала “Јане Сандански“ во Скопје.

y2

Вториот дел многу помотивирано го отворија девојките од РК Кузман, во првите шест минути успеаа да направат мини серија. Гостинките  со серија 1-3 намалија на 22-6 на овој младински дуел.  Се играше гол за гол, двата тима дадоа по три гола за 25-9 во 11.минута од вториот дел. Кузман успеа да парира во овој период од дуелот, сепак ние имавме голема предност од првиот период која ни дозволуваше лесна игра во поле. Следуваше серија 5-1 на црвено-црните дами, на крилата на трите врзани одбрани на Симона Грујовска наградивме во напад. Во 21.минута од вториот дел со голот на Ана Марија Божиновска зголемивме на 20 плус, односно 30-10. До крајот игравме лесно со доста комбинаторики, па на секој гол на ривалот одговаравме со “двојна мера“ за да на крајот забележиме победа со резултат 37-14. Кај нас прв стрелец беше Стефанија Георгиевска која погоди дури 11 пати.

y5

Вардар: Грујовска (6-одбрани), Георгиевска 11 гола, Божиновска 3, Трајкоска ( 6-одбрани), Џатевска, Ангеловска 1, Гроздановска 2, Костиќ 1, Миновска 3, Седлоска 2, Коларовска 2, Јанковска 3, Петковска 2, Стаменова 3, Дамјановска 2 и Николиќ 2.

Тренери: Симовски и Ристова