Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на РК Вардар процкаа три гола во финишот и загубија од Преспа на “Кале“
Младинците на РК Вардар процкаа три гола во финишот и загубија од Преспа на “Кале“

Младинците на РК Вардар процкаа три гола во финишот и загубија од Преспа на “Кале“

Денес во спортската сала Кале се одигра меч од младинката машка ракометна лига помеѓу Вардар и гостинот РК Преспа 2015. Гостите успеаа со пресврт во последните три минути да го добијат мечот минимално со 30-31, ние пропуштивме предност бидејќи и на полувреме водевме со 16-12.

Мечот почна со два гола последователни за гостинот од Преспа. Ние намалуваме на 1-2, сепак противникот со серија 0-3 оди на највисоката предност за нив 1-5.  Се играше во продолжение гол за гол на двете страни паѓаат по четири погодоци, предноста останува иста за Преспа, тие водат со 4-9. Потоа нашите момци играат одлично во одбраната и тргаат да го преземат водството. Правиме серија 7-0 со која го преземаме водството. На семафорот во “Кале“ стоеше 11-9. Потоа следеше помирна игра двата тима погодуваа, ние бевме поуспешни и додатно го зголемивме водството. На одмор заминуваме со предност од 16-12.

Вториот дел почна како и првиот со два гола за младинците на Преспа, со кој намалија на 16-14.  Ние не сме расположени да дозволиме да ни се доближат. Правиме серија од 6-2 со која идеме на комотни за нас  22-16, кој наговестуваа победа за нас.  Преспа прави серија со која намалува од нашето водство, во последните десет минути влегуваме со предност од три гола, односно 25-22. До крајот на мечот игра гол за гол во последните три минути влегуваме со предност од 30-27. Тука се случува необјаснив пад во нашата игра не погодуваме до крајот ниту еднаш, а пак Преспа постигнува четири гола. Поразот беше “горка вистина“ после еден ваков пад, гостите успеаа да не поразат во добиен меч.

Во составот предводен од Чивлачки најуспешни беа: Нанов со 10 гола, Милошевски имаше 8 гола, а Мисаилески постигна 6 гола.