Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Игра магично магично, Вардар игра фантастично!
Игра магично магично, Вардар игра фантастично!

Игра магично магично, Вардар игра фантастично!

Голема победа на ЖРК Вардар во Унгарија. Нашите девојки попладнево го надиграа во целост главниот конкурент за првото место во нашата група и славеа победа со резултат 24:37 (12:21). Вардарки сигурно пренесуваат пет бодови во следната фаза. Идниот викенд играме против Лајпциг за заокружување на оваа почетна фаза.

Вардарки на оваа средба мораа да играат само со еден класичен пикер, бидејќи Ања Алтхаус не допатува со екипата во Унгарија. Единствен пикер денеска беше Човиќ. Од друга страна, во тимот се врати Лазовиќ по еден натпревар пауза поради повреда на окото. Натпреварот добро го отвори нашиот тим, во 5 минута од натпреварот имавме предност од 3:1 со два гола на Мавсар и еден на Хмирова. Мавсар продолжи да погодува, веќе во 8 минута нашиот крилен играч го постигна и третиот погодок денеска за 4:2. Мавсар продолжи да погодува, овој пат од пенал за 5:3 за Вардарки. Највискоите плус три за нашиот тим дојдоа во 12 минута со голот на Лекиќ. Серијата на погодоци ја продолжи Радичевиќ за плус четири. Вардарки продолжија да играат одлично како во нападот така и во одбраната. Во 16 минута нашиот тим имаше предност од плус шест. Вардарки продолжија да газат, следуваа нови два погодоци преку Лакрабер и Радичевиќ за веќе високи плус осум во 17 минута од мечот. Резултатската нишалка од девет – десет голови предност за нашиот тим продолжи се до крајот на првиот дел. На полувреме се замина со предност за Вардар од девет голови разлика 21-12.

Во вториот дел први со погодок отворија домаќинките. Следуваше уште еден погодок на Снелдер за мини серија и минус седум. Вардарки во вториот дел прв пат погодија во 34 минута преку Сања Дамњановиќ за 22:14. Потоа погоди и Радичевиќ од контра напад за плус девет. Серијата на погодоци ја продолжи и Барбара Лазовиќ со гол од девет метри за нови плус девет во 37 минута од мечот. Во вториот дел на голот на нашиот тим застана Песоа. Во 39 минута Вардарки ги имаа повторно максималните десет плус со голот на Пенезиќ од пенал. Следуваа два гола во серија на домаќинките за намалување на нашето водство на плус осум. Во 45 минута со голот на Човиќ Вардар дојде до девет плус. Скоро четири минути немаше гол на двете страни пред голот на Човиќ. Во 53 минута резултатот гласеше 31:21 за ЖРК Вардар со голот на Херем од контра напад. Највисоките плус 11 дојдоа во 55 минута од натпреварот со уште еден погодок на Радичевиќ. Вардарки рутинирано го доиграа овој натпревар и славеа голема и убедлива победа.