Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар СЦЈС тргна триумфално во Челинџ купот, победа нагости во Бугарија со Свиленград
Вардар СЦЈС тргна триумфално во Челинџ купот, победа нагости во Бугарија со Свиленград
СЕЛФИ ПО ПОБЕДАТА ВО БУГАРИЈА!

Вардар СЦЈС тргна триумфално во Челинџ купот, победа нагости во Бугарија со Свиленград

Нашиот млад женски ракометен колектив, тимот на Вардар СЦЈС е на чекор до пласман во следното коло на Купот Челинџ. Девојките на Симе Симовски денес  победија со 24-17 на гостувањето во Бугарија кај домашниот преставник во Челинџ купот екипата на Свиленград. Вториот меч, односно реваншот се игра следниот викенд во Скопје во С.Ц “Јане Сандански.“

Пред дуелот со дебитантот во европа нашите ракометарки беа  фаворити на овој натпревар и тоа го оправдаа. Во текот на натпреварот не му дозволија на домаќинот ниту да се понадева дека може да биде рамноправен, а не пак да мисли дека може да победи. Кај нас на овој дуел се истакна голманката Љупка Белмезова која имаше 10 одбрани, а најдобар стрелец беше Керамичиева со седум погодоци.

РАСПОЛОЖЕНИЕТО Е ГОЛЕМО ПО ТРИУМФОТ

РАСПОЛОЖЕНИЕТО Е ГОЛЕМО ПО ТРИУМФОТ

ВАРДАР СЦЈС: Белмезова (10 одбр.), Прленда 4, Стојаноска 4, Трпковска, Ѓеорѓиевска, Николовска, Митова, Бојаџска 1, Тодоровска 4, Нолевска 3, Велкова, Петковска(3 одбрани), Керамичиева 7, Мишевска 1, Божиновска, Николовска.