Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар не успеа да се пласира во финалето на Супер Глоуб
Вардар не успеа да се пласира во финалето на Супер Глоуб

Вардар не успеа да се пласира во финалето на Супер Глоуб

Вардар за жал не успеа да се пласира во големото финале на Супер Глоуб. Попладнево владетелот на Европа загуби од Барселона во 1/2 финалето со резултат 32:29 (15:12).

Вардар по првиот дел имаше негатива од само три гола, велиме само три гола бидејќи во некој моменти од натпреварот имавме и дури седум голови заостанување. Вардар започна лошо напаѓачки, за само 11. минути успеа да постигне два погодоци. Во 11. минута Барса со гол на Ентрериос дојде до предност од 5:2. Некаде околу 18. минута Барса дојде и до предност од 9:3, иако Штербик имаше низа на добри одбрани, сепак, нападот не функционираше. На почетокот на 24. минута Барса ја достигна највисоката предност од плус седум, 12:5. Вардар за среќа се консолидираше во последните шест минути од првото полувреме, Барса падна во играта со влегување во Вардар на Карачиќ и Милиќ. Со низата на голови на Карачиќ, Дибиров и Мораеш, Вардар на полувреме замина со пристојна негатива од три голови 15:12.

Првите десет минути во второто полувреме поминаа многу изедначено, во 40. минута Вардар успеа да намали на само два голови негатива, во следниот напад Барса погоди за предност од нови плус три, исто како и во првиот дел. Следуваа два гола во серија за Вардар, кој во 43. минута намали на само еден гол негатива. Во следните два напади Милиќ успеа да забележи две одбрани, додека пак на другата страна Кристопанс два пати во серија биеше само покрај голот на Барса. Барса преку Томас во продолжение постигна два гола во серија за нови плус три во 46. минута. Вардар се врати комплетно, во 49. минута преку Циндгриќ израмни на 20:20. Во следните два напади и двете екипи постигнаа нови погодоци за повторно егал, овој пат 21:21. Борозан и Циндриќ го одржуваа Вардар во живот, Борозан со својот петти погодок денеска, повторно израмни на 24:24 во 52. минута од мечот. Перес во следните два напади му одбрани два чисти шута на Кристопанс, за наша среќа Циндриќ повторно погоди за 27:27. Последните пет минути од мечот за жал му припаднаа на противникот, Кристопанс продолжи во лош ритам, додека пак играчите на Барселона тоа знаеа да го искористат умешно. На крај, Барса победи со резултат 32:29