Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ростов “златен“, Вардарки втори на “Вардар-2017“, Пенензиќ играч број еден
Ростов “златен“, Вардарки втори на “Вардар-2017“, Пенензиќ играч број еден

Ростов “златен“, Вардарки втори на “Вардар-2017“, Пенензиќ играч број еден

Тимот на ЖРК Вардар не успеа да го освои турнирот чиј организатор беа, откако во големото финале македонскиот првак беше поразен од Ростов со резултат 26-33. Во финалето несомнено, Русинките беа далеку подобар противник. Сепак овој турнир е подготовка, но и опомена пред почетокот на најважното, мечевите во  Лигата на шампионите.

Финалето почна со ефикасна игра на двете страни, тренерот на нашиот ривал во игра ја уфрли поранешната вардарката Песоа одлично се снајде и овозможи Ростов по третина од првиот дел да има предност од 5:8.  Ростов Дон во продолжение го диктираше темпото, а во 14.минута имаше и највисоки плус 4.  Суслина во средина на првиот дел ја замени Лејно и со неколку успешни интервенции го одржуваше Вардар во живот. Финишот на првото полувреме му припадна на Вардарки, тие  постигнаа четири голови, а русинките два за минимална предност на Ростов Дон од 14-15 по првите триесет минути што влеваше надеж.

21078484_1065774536892416_7171890167052345743_n

Најдобар играч на турнирот е Андреа Пенезиќ од Вардар.

Сепак на почетокот на вториот дел Ростов продолжи со својата одлична игра,  прaвајќи серија 0-3 на стартот. Со тоа  ја врати највисоката разлика од првиот дел за 14-18. Пенезиќ го постигна првиот гол за Вардар во 36.минута, а Вардар за момент се врати во игра и намали на 14-16, но во 42та минута Вјахирева ги постави највисоките 20-25. Рускиот шампион знаеше како да ја задржи разликата до самиот крај, со рутинирана игра дојде  прво место на „Трофеј Вардар“ со резултат 26-33.
Кај Вардар најпрецизна а беше Пенезиќ со 8 голови,  Лакрабер постигна 6 сите во првиот дел, а  Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ постигнаа по 4 погодоци.
Најдобар играч на турнирот е прогласена  Андреа Пенезиќ од Вардар.