Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардар јуниор се држеше до финишот со поискусниот и повозрасен РК Охрид
Вардар јуниор се држеше до финишот со поискусниот и повозрасен РК Охрид

Вардар јуниор се држеше до финишот со поискусниот и повозрасен РК Охрид

Вчера во  СРЦ „Кале“ во Скопје младите ракометари на Вардар јуниор  во дуел од машката Супер лига го пречекаа тимот на Охрид.  Момчињата на Стојан Петрушевски кој се убедливо најмлад тим во лигата  се држеа до пред самиот крај, имаа и предност, но неискуството го стори своето, па гостите направија пресврт и заминуваат со цел плен. Охриѓани на крајот победија со  33-31 (17-16).

Нашите момчиња отворија со погодок на кој гостинот одгововори за почетни 1-1, потоа ние со два последователни голови поведовме со 3-1.  Охриѓани успеаа во продолжение да изедначат на 4-4, потоа често беше реми најпрвин 5-5, па 6-6 и на крајот 7-7. Гостинот влезе во ритам и имаше плус три во првиот дел  9:12, но тоа не гарантираше голема сигурност бидејќи малите вардарци  се бореа со сите сили. Па така на пауза заминавме со минимална негатива од еден погодок,  16-17.

Вториот дел го почнавме со гол за 17-17, а по 5.минути игра беше повторно реми 19-19.  Успеавме да бидеме подоби во продолжение постигнувајќи двојно повеќе голови од противникот што донесе предност од три гола за нас, 25-22 која ја зачувавме до влезот во финалните десет минути. Во последните десет минути влеговме со предност од три гола, 29-26 и надеж дека може да се продолжи во ист стил и да се направи големо изненадување. Сепак, искуството пресуди, а на грешките гостите знаеја да возвратат и да израмнат, 29-29 а потоа и да поведат, 29-30. Имавме сили само да изедначиме на  30-30, потоа Охрид имаше серија од 0-3 со што веќе го решија победникот.

ВАРДАР ЈУНИОР: Н. Кизиќ, М. Кизиќ, Димов 4, Анѓелковски, Чакалиќ, Крстевски 6, Мишевски 4, Трајковски, Владимиров, Карапалевски, Трпчевски 7, Николовски 2, Димитровски 2, Гашоски, Кукуловски 6, Цветановски.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 10 мин.

*Во следното коло Вардар јуниор гостива кај Радовиш.