Пионерите на ракометниот клуб Вардар во дербито на колото се сретнаа со лидерот на табелата, тимот на Металург. Овој натпревар заврши со победа на Металург 16:17 (7:8)
Натпреварот започна со гол на нашите играчи. Следуваше уште еден погодок за избраниците на Будимир Андријана, 2:0 во 4 минута од мечот. Потоа следуваше по еден гол на двете страни за 3:1 во 7 минута од мечот. Во 10 минута резултатот беше 5:4 за Вардар. Во 13 минута тајм-аут побара тренерот на Металург, Јовиќ. Во 18 минута резултатот гласеше 7:7. Се играше многу изедначен натпревар со погодоци и на двете страни најизменично. На полувреме сепак се замина со гол предност за Металург 8:7 иако нашиот тим беше поквалитетен ривал.
Во вториот дел момците на Вардар изедначија на 9:9 во 24 минута од мечот. Во 25 минута Металург дојде до плус два благодарение на помошта од судиите. Во 26 минута Металург отиде на нависоки плус три, по што следуваше тајм-аут за нашиот тим. Црната серија ја прекинавме со гол за 10:12. Следуваше промашен пенал за нашиот тим, а на спротивната страна гостите постигнаа погод. Во 33 минута резултатот гласеше 12:14. Во 36 минута нашите играчи со минус два ракометари во поле имаа негатива од минус четири. Во 39 минута беше 15:17. Мечот заврши 16:17. Треба да се напомене и да се осуди неспортското судење на судиската двојка. Тие го уништуваа мечот, постојано ни исклучуваа играчи, досудија премногу престроги пенали…