Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери се вратија на “колосек“, Шкупи падна во дербито пред вардарци
Пом.пионери се вратија на “колосек“, Шкупи падна во дербито пред вардарци

Пом.пионери се вратија на “колосек“, Шкупи падна во дербито пред вардарци

Денес на теренот во Јане Сандански се одигра дерби дуелот помеѓу помладите пионери на Вардар и скопскиот ривал Шкупи. Нашите момци беа одлични и триумфираа со 3-2, по успехот и ремито во Тетово минатото коло ова генерација се врати на вистинските патеки. Тренерот Јанев го почна со овој состав: Андов (капитен), Бојковски, Мирчевски, Илиевски, Манасиевски, Апостоловски, Спировски, Димовски, Ариф, Астарџиев и Николов.

3

Од првата минута тргнавме офанзивно со долги акции со цел да го отвориме мечот со гол. По неколку полушанси во 17 минута погодуваме преку Марио Илиевски. Тој постигнува убав гол за наша предност од 1-0 на овој дуел. Астарџиев Давид има прекрана прилика од дистанца сепак голманот Јонуз исфрла во корнер. Успеваме да ја удвоиме нашата предност преку Ариф Имбраим, тој беше во соло продор во 29 минута го надмудри Јонуз и погодува за 2-0 за црвено-црните помлади пионери. Голема прилика пропушта Спировски Мартин во 31 минута кога во иста акција двапати погодува статива, во првиот обид десната одбиената топка дојде до него тој со волеј ја погодува левата статива. Во последната минута од првиот дел правиме нерезонски прекин односно со рака правиме прекин на 16 метри од голот. Овој слободен директен удар го искористи Зубер Аган кој погодува преку живиот ѕид за 2-1. Веднаш по голот главниот судија Недевски Александар покажува крај на првите 40 минути на овој дуел.

2

Вториот дел го почнавме со офанзива со цел да ја вратиме предноста од два гола која ја изгубивме на крајаот од првиот дел. Играме мирно и сталожено со долги напади. Во 5 минута од вториот дел освежуваме првпат на мечот Николов Матеј му остапува место на Хасановиќ Малик. Конечно погодуваме прекрасно повторно, Марио Иливески ја носи топката се решава за удар од 25 метри погодува во горниот десен агол од голот на Јонуз Нухи. Со овој прекрасен евро-гол поведуваме со 3-1 на ова дерби. Вардар по голот игра долги напади трошејќи го времето од овој дуел во кој повторно водиме со два гола. На 15 минути до крајот слободен удар на 20 метра за гостинот, повторно го изведува Зубер Аган кој го натфрла нашиот жив ѕид и погодува. Шкупи намалува на 3-2 во 65 минута од овој дуел. По голот за намалување Шкупи се обидува да атакува и да изедначи, сепак нашите момци одлично ја држат топката. Вардарци ја надминаа првата криза по примениот гол и ја преземаат инцијативата во овој дуел во лигата за помлади пионери. Шкупи одлично искориства еден прекин нафрла опасно сепак Матеј Андов на нашиот гол е смирен и одлично боксува. Јанев уфрла во клупа неколку момци во финишот го троши времето, а воедно го освежува и тимот во последните моменти од овој дуел.