Кормиларот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Тумбаковиќ Љубиша во текот на вчерашниот ден го објави поширокиот список од 28 фудбалери кои ќе бидат во комбинација за квалификацискиот дуел кој ја очекува оваа балканска земја. Во квалификациите за Светското првенство во Русија-2018 година црногорската селекција ќе се сретне со Ерменија.
На списокот на Тумбаковиќ се најдова две имиња од нашиот фудбалски клуб Вардар. Станува збор за дефанзивецот Немања Мијушковиќ и офанзивецот играч Дамир Којашевиќ кој игра во одлична форма во црвено-црниот дрес во последните мечеви. Тие ќе играат против Ерменија на 11 ноември, во нивниот противник поради одсуство до вардаровите натпревари не е повикан Хофханес Хамбарџумијан со што се избегна средбата на вардарови играчи во два тима на исти меч во квалификациите што нетака често имаме можност да сретнеме. Црна Гора со освоени 7 бода се наоѓа на врвот на групата-Е. Покрај овие два повика за А-селекцијата на Македонија се повикани пет вардарови играчи (види), со што бројката на фудбалери на црвено-црниот фудбалски колектив со репрезентативен повик порасна на седум.