Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пораз за Вардар на гостувањето кај Киелце, трет сезонава во ЛШ
Пораз за Вардар на гостувањето кај Киелце, трет сезонава во ЛШ

Пораз за Вардар на гостувањето кај Киелце, трет сезонава во ЛШ

Вардар го претрпе и третиот пораз сезонава во Лигата на Шампионите, откако беше поразен на гостувањето кај екипата на Киелце.

Вардар ниту еднаш немаше предност во првото полувреме, додека Киелце беше постојано во водство. И на овој меч Кокшаров се реши да игра во нападот без голман, што во некоку наврати не чинеше примен гол на празна мрежа. Шампионот на Полска отвори со водство од 2:0, додека Чупиќ беше играчот кој успева да го постигне првиот гол за црвено-црните. Со погодокот на Дибиров намаливме на 6:3, додека Скубе беше играчот кој намали на само два гола негатива (8:6) во 12 минута од дуелот. Во првото полувреме голманите на Вардар немаа некој голем придонес, додека Волф на спротивната страна успеа да одбрани седум удари на вардаровите играчи. Чупиќ во два наврати пропушти можност да го намали резултатот на само еден гол, најпрво ја погоди пречката после изведен седмерец, додека во цториот обид не успева да го совлада Волф од крилната позиција. Киелце беше во налет, повторно се одлепи на четири голови разлика, додека Стоилов се погрижи да намали на 13:10. Избраниците на Душебаев во еден момент имаа и највисоки пет голови разлика (15:10), додека Вардар врати со головите на Стоилов и Калараш, за намалување на 15:12. На голот застана и младиот Марко Кизиќ кој во последните пет минути од првиот дел забележа две одбрани. Дибиров намали на 16:14, но во последнииот напад, домашниот тим реализираше за 17:14 на полувреме.

Дисингер го отвори второто полувреме со гол, за намалување на 17:15, но Киелце влезе во серија од три погодоци, за повторно да има предност од пет гола разлика (20:15). Се обидувавме да се вратиме во игра, но тешко одеше против грубата игра на противникот, кој во овој дел од мечот доби и неколку исклучувања. Стоилов и Дибиров во два наврати ја намалија негативата на четири гола, додека Кизиќ стигна и до својата четврта интервенција. Се потешко одеше, Киелце стигна и до високи 27:20, а Волф на голот бележеше нови одбрани. Истава разлика беше актуелна и на седум минути пред крајот на дуелот. Киелце на крајот слави победа со резултат 35:25.

Дибиров беше најефикасен на мечот со 9 голови, Скубе постигна 6, додека Стоилов 5 погодоци.