Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар со дури 31 гол повеќе го совлада Овче Поле
ЖРК Вардар со дури 31 гол повеќе го совлада Овче Поле

ЖРК Вардар со дури 31 гол повеќе го совлада Овче Поле

ЖРК Вардар лесно се справи со ривалот од Св.Николе, тимот на Овче Поле. Денес во рамки на 12.коло на домашен терен бевме убедливи и го совладавме ривалот со високи 43-12. 

8 0

Гостите на почетокот отворија со 0-2, тие поведоа по 3.минути ракомет. Нашите девојки сериозно пристапија потоа, влегоа во серија 7-0.  Со голот на капитенот Диневска поведовме со пет плус, 7-2 по што ривалот побара тајм-аут. Точно на средината на првиот дел водевме со 10-3, по одбрана на Симона Грујовска во контра погоди Бојана Диневска за 10-3.  Во следните пет минути имавме серија 0-5, пак по исто сценарио погодивме, Грујовска одбрани, па  фрли прецизно до Диневска Бојана која тргна во незадржлив влез за наша предност со 15-3. Ние доминиравме на теренот, во сите аспекти на ракометната игра, постојано зголемувајќи ја предноста. Со головите на Ана Марија  Коларовска и Ангела Костовиќ во последните 30.секунди успеавме да отидема на одмор со резултат 22-6.

1 8 2 6

Вториот дел започна со одбрана на нововлезената Јована Трајкоска, тоа во напад го награди Стефанија Ѓорѓиевска со одличен удар на втора статива за предност со 23-6. Нашата одбрана беше на ниво, решававме со брзи контри. Ѓорѓиевска и Ивона Трпевска ги казнуваа изгубените топки или ги наградуваа одбраните на  Трајкоска. Поведовме со 20.гола во 38.минута, најбрза во контра беше Катерина Дамјаноска, таа во стилот на Калараш дојде прва пред противничкиот гол иако е пикер погодувајќи за 27-7. Потоа со по два гола на Фани и Трпевска дојдовме до дотогаш највисоките 24плус во 10.минута од вториот период, на семафорот стоеше  31-7 па тимот од Свети Николе го побара вториот тајм-аут. На 2 и пол минути до крајот дојдовме и на 30 плус, по една контра непогрешливата Стефанија Ѓорѓиевска стрелаше за 41-11.  Мечот заврши со резултат  43-12 на крајот.

3 4 7

На овој меч се истакнаа: Ѓорѓиевска Стефанија  со 10 гола,  Трајкоска Јована имаше 8 одбрани, Грујовска Симона впиша 7 интервенции, Диневска Бојана даде 6 погодока, по 4 гола имаа Трпевска Ивона и Седлоска Андреа.