Црвено-црните кадети од Вардар Јуниор во рамки на младинската лига денес го пречекаа тимот на РК Охрид. Во битката со повозрасниот ривал ние бевме поразени со резултат 30-36 (10-17).
Отворивме со голот на Киселовски Леонид, тој по одличен продор погоди под гредата за почетни 1-0. Се играше гол за гол се до 6.минута кога беше 3-3. Дојде до над на концетрацијата, ривалот со серија 0-3 поведе со 3-6 па Будимир и Станковски побараа тајм-аут. По кој за жал ривалот се одбрани и погоди за највисоки плус четири, 3-7 во 12.минута. Точно на средината на 1.полувреме беше 5-10 за сино-белите, Успеавме да врземе два гола, преку Кислеловски намаливме на 7-10 во 18.минута. Киселовски беше инспиратот во нападот, правеше пробиви од сите страни, токму он успеа да погоди за 10-12 од пенал на повеќе од 7.минути до крајот на првиот дел. На полувреме заминавме со голема негатива, 10-17.
По седум минути игра беше 14-22 за охриѓани, нашата клупа се одлучи за минута одмор со цел да смениме нешто во ритамот на оваа средба. Се играше тврд и борбен дуел, двата тима играа максимално борбено. Со голот Димитриевски Дамјан точно на средината на вториот дел намаливме на 19-27 на оваа средба. Се боревме доста да намалиме, но повозрасниот противник не ни дозволуваше да се доближиме, тие ја одржуваа предноста на високо ниво. Ние ја ублаживме негативата и бевме поразени со 30-36, резултат кој го постави Коселовски на 15.секунди до крајот.
Во нашите редови Киселовски беше прв стрелец со 11 гола, Чакалиќ имаше 5 погодока, а Мишевски и Калајџиевски погодија по три пати.