Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедливи победи за ФК Вардар генер. 2009, доминација на нашите млади надежи
Убедливи победи за ФК Вардар генер. 2009, доминација на нашите млади надежи

Убедливи победи за ФК Вардар генер. 2009, доминација на нашите млади надежи

Денес на терените на ФФМ, ново коло во рамките на детската лига одигра генерацијата на Вардар родени 2009 година. Избраниците на Игор Кралевски имаа одличен ден, остварувајќи две високи победи.

Најпрво на теренотd2 d4излезе Вардар (2) кој беше подобар во дуелот со екипата на Кул. Иако по првото полувреме имавме негатива од еден гол, сепак на крајот успеавме да стигнеме до победата, со резултат 9:4. Првите удари кон противничкиот гол ги имаше Павловски, но екипата на Кул беше таа која успева да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Вардар бргу одговори, постигна гол преку Марко Петровски и го израмни резултатот на 1:1. Истиов играч имаше нов обид, но одбрани противничкиот голман. Екипата на Кул го врати водството, откако ние направивме три корни по што беше досуден казнен удар, истиот го реализира тимот на Кул за предност од 1:2. Со евро голот на денес одличниот Марко Петровски, кој погоди ефектно во горниот десен голмански агол, Вардар успева да го израмни резултатот на 2:2, додека од истава позиција погоди и Кул, еден од нивните играчи го совлада нашиот голман Баснарков, па на краток одмор тие имаа водство од 2:3.

d3

Вардар одигра одлично во второто полувреме, момците на Кралевски беа фуриозни и успеаа да постигнат дури седум голови во мрежата на Кул. Колевски се обиде, но одбрани голманот, во првата посериозна прилика во вториот дел. Кул имаше можност да го зголеми резултатот, но ние имавме среќа кога беше погодена стативата од голот на Баснарков. Со хет-трик на Марко Петровски, црвено-црните израмнија на 3:3 и го најавија големиот пресврт на овој меч. Веќе во следната минута во листата на стрелци се запиша и Сулејман Качман кој донесе прво водство на Вардар од 4:3. Кул се бранеше, додека Вардар беше во целосен налет, а шансите пред голот на противникот постојано се редеа. Прв гол денес постигна и Давид Колевски, со кој го зголемивме водството на 5:3, додека за момент екипата на Кул го намали резултатот на 5:4. До крајот на дуелот, вардарци постигнаа нови четири голови. Повторно противничката мрежа успева да ја погоди Петровски Марко, кој донесе водство од 6:4, додека со вториот гол на Давид Колевски зголемивме и на 7:4. Нов погодок, втор на денешниот ден и за Сулејман Качман кој погоди за 8:4, додека со својот прв гол денес, конечните 9:4 на овој дуел ги постави Антониј Аџиоски.

d6

До триумф стигна и екипата на Вардар (1) која очекувано го доби дуелот со екипата на Смилковци. Првиот директен удар кон противничкиот гол го имаше Папалиски, додека Вардар дојде во водство од 1:0 со голот на Андреј Кралевски кој погоди со глава после нафрлена топка од Вилијам Ангеловски Вардар имаше целосна иницијатива на овој меч, додека Смилковци беше лесна задача за нашите млади надежи. Со голот на Дарин Михајловски зголемивме на 2:0, додека Јаков Стојковски донесе предност од 3:0. Во листата на стрелци се запиша и Васе Папилиски, кој зголеми на 4:0. Шансите се редеа пред противничкиот гол, обиди имаа Стојковски, но одбрани голманот, како и Михајловски кој бие од слободен удар, но голманот на Смилковци успешно одбрани. Откако Вилијам повторно успева од левата страна да нафрли прецизна топка, Папалиски Васе со глава погодува за водство од 5:0. До крајот на првото полувреме постигнавме уште два гола, истите беа дело на Андреј Кралевски и Максим Павловски, па на одмор имавме високи 7:0.

d5

Во вториот дел исто така доминиравме и постигнавме нови шест голови. Со хет-трикот на Андреј Кралевски, црвено-црните имаа водство од 8:0, додека следен кој постигна гол беше Јаков Стојковски за резултат 9:0. Кралевски денес беше расположен за игра, повторно го совлада противничкиот голман, за зголемена предност од 10:0, додека Максим Павловски зголеми на 11:0. Постигнавме уште два гола во мрежата на Смилковци до крајот на мечот. Истите беа дело на Вилијам Ангеловски и Павел Котески-Митровски, кој ги постави конечните 13:0 на овој меч.