Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Десетта победа во низа сезонава за „лавиците“, победа во кадетскиот меч кај Кузман
Десетта победа во низа сезонава за „лавиците“, победа во кадетскиот меч кај Кузман

Десетта победа во низа сезонава за „лавиците“, победа во кадетскиот меч кај Кузман

Во рамки на 3.коло од кадетската лига, младите вардарки од пионерскиот тим гостуваа кај тимот на РК Кузман Вардар во населба Илинден. Сосема очекувано, онака како што веќе и не навикнаа во последно време триумфираа со доминантна игра во сите сегменти на мечот. Победата за девојките на Платон и Папуџиева дојде со резултат  40-16.

10 9-2

Првиот дел започна со водство на домаќинот кој поведе со 1-0, ние веднаш со два гола напраивме пресврт и поведовме со 1-2.  Од тој момент па се до крајот на мечот ние водевме константно, почнавме со нашата игра веднаш поведовме и со три плус при резултат 3-6. Од минута во минута го „кршевме“ ривалот, нашата одбрана беше на ниво, Ѓорѓиевска одбрани неколку зицери. Платон повторно вешто дозираше со силите од клупата, ние имавме ритам кој не може да се сопре. Со дури 13.гола позитива заминавме на одмор, резултаот на семафорот во салата “Гоце Делчев“ беше 7-20 за време на паузата.

3-2 2-2

Вториот дел започна со по еден гол за почетни 8-20, потоа следеше наша серија. Нововлезената голманка,  Христова не беше совладана во наредните минути, ние погодувавме седум пати во серија за високи 8-27 за нас. Се потоа беше рутина, Платон повторно ја спроведе нејзината филозофија на тимска игра, роатацијата повторно носеше засилување на тампото. Победата дојде со високи 24 гола позитива, ние триумфиравме со 16-40.

Ова е десетата победа во низа оваа сезона во исто толку мечеви (7 пионерски и 3 кадетски). Кај нас по шест гола имаа имењачките- Мила, односно Пешиќ и Крагељ. Коцева Бојана погоди пет пати, а по четири гола впишаа девојката која ја игра првата сезона со овој тим, Сара Стојаноска и Максимовска Натали.