Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Убедливи триумфи за пионерските екипи на ФК Вардар во дуелите со Победа од Прилеп
Убедливи триумфи за пионерските екипи на ФК Вардар во дуелите со Победа од Прилеп

Убедливи триумфи за пионерските екипи на ФК Вардар во дуелите со Победа од Прилеп

Пионерските екипи на ФК Вардар денес во рамките на 10.коло беа домаќини на екипата на Победа од Прилеп. На теренот на Академијата нашите млади надежи славеа две убедливи победи.

Помладите пионери на ФК Вардар ја продолжија победничката серија откако денес убедливо го совладаа тимот на Победа. Конечниоот резултат на овој дуел гласеше 6:0. По првото полувреме имавме водство од 2:0 со головите на Бесар Гуџуфи, кои беа постигнати во 7 и 27.минута од мечот. Голеадата во вториот дел ја продолжи Гуџуфи со хет-трик во 68 минута од мечот. Без оглед на високото водство, избраниците на Тодоровски константно го напаѓаа противничкиот гол, што резултатираше со нови шанси и погодоци. Во листата на стрелци успева да се запише нововлезениот Никола Величковски, играч кој дебитира со гол во оваа екипа, со оглед дека младиот напаѓач е генерација 2005, токму со неговиот погодок зголемивме на 4:0. Денес, Гуџуфи имаше одличен дуел, до крајот на дуелот постигна уште два гола, вкупно пет за овој играч на мечот, кој ги постави конечните 6:0 на овој дуел од 10.коло во помладата пионерска лига.

Вардар: Ангелов, Павлески, Ричков, Јаневски, Љушев (c), Стоимов, Ибраим, Здравковски, Гуџуфи, Хајдари, Перковски.

На победите се вратија пионерите на Вардар, кои не дозволија нов „кикс“ па денес ја совладаа високо екипата на Победа. Момците на Драган Стефановски триумфираа со резултат 3:0.

Уште во 4.минута од мечот успеавме да поведеме со голот на Георг Стојановски за предност од 1:0. До крајот на првиот дел, односно во 37 минута истиов играч ни донесе предност и од 2:0. Во вториот дел беше постигнат нов, гол, истиот повторно беше дело на Георг Стојановски, кој со својот хет-трик ги постави конечните 3:0 на овој меч.

Вардар: Стојковски, Јовановски, Стојчевски, Ѓоргоски, Сељанац, Живков, Давидовски (c), Стојановски, Мирков, Ѓорѓиевски, Трпезановски.