Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Со фуриозна игра во вториот дел, пионерите на Вардар со 20 гола позитива го совладаа Ѓорче Петров
Со фуриозна игра во вториот дел, пионерите на Вардар со 20 гола позитива го совладаа Ѓорче Петров

Со фуриозна игра во вториот дел, пионерите на Вардар со 20 гола позитива го совладаа Ѓорче Петров

Пионерите на Вардар дојдоа до шестата победа во својата група, тие во ова 6.коло високо ја совладаа екипата на Ѓорче Петров. Момците на Зоран Петковски-Зенга со фуриозна игра во вторите 20.минути победија со резултат 33-13.

1 2

Првите неколку напада беа „јалови“ на двете страни,  ние поведовме преку Христијан Петковски со  1-0 во 4.минута, потоа погоди и Стефан Ристeвски за удвојување на предноста. Со иста мерка врати ривалот па успеа да изедначи на 2-2 во 8.минута.  Имаше доста технички грешки на двете страни, сепак очигледно беше дека квалитетот е на наша страна на оваа средба. По 11.минути игра водевме само со еден гол, 4-3, се мачевме во нападот имавме неколку удари и во гол конструкцијата. Сепак конечно се тргна по наш терк, во 15.минута успеавме да се одлепиме на плус четири со голот на Симовски Кирил, тој стрелаше за 7-3. Потоа се играше гол за гол, на одмор заминавме со тие четири голови предност. За 11-7 на 33.секунди до крајот стрелаше Матеј Трајановски со одличен скок шут.

4 5 6

На почетокот двата тима  отворија со по еден гол за почетни 12-8, потоа следеше „црвено-црн танц“ на избраниците на Зенга. Влеговме во серија 3-0 со која поведовме со 15-8, стрелаше за нас Писонеро, по што гостинот искористи минута одмор со цел да ја прекине нашата низа. Сепак се случи спротивното,  бевме во нов налет и поведовме со двоцифрени 19-9 преку Спасовски кој погоди по една контра во 7.минута од вториот дел. Точно на средината од вториот период отидовме на дотогаш највисоките 16 позитива, по двата врзани гола во низа на Алексовски Алек погоди за 26-10.  Се до крајот беше рутина за нас, ние доминиравме максимално во овој втор период, покажувајќи ја цела лепеза на на акции кои овој тим ги извежбал. Победата дојде со голема разлика, ние триумфиравме со 20 гола предност, конечни 33-13 стоеа на семафорот по 40.минути игра.

7 8 9

Симоновски и Петковски имаа по четири гола, додека три гола имаа: Писонеро, Ристевски, Петрушевски, Трајановски и  Стојменов.