Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Порази за пионерите и младинците на РК Вардар во првенствените натпревари
Порази за пионерите и младинците на РК Вардар во првенствените натпревари

Порази за пионерите и младинците на РК Вардар во првенствените натпревари

Пионерите и младинците на РК Вардар се поразени на првенствените натпревари кои се одиграа изминатиов викенд.

Младинците го претрпеа и петтиот последователен пораз, овој пат на домашен терен од тимот на Голден Арт. Конечниот резултат на натпреварот кој се одигра во салата „Круме Кепески“ гласеше 24:43.

Уште од стартот на натпреварот, противничкиот тим поведе со 1:6, разлика која ја одржуваше до истекот на првите 30.минути. Во текот на целото прво полувреме, Голден Арт имаше водство кое се движеше од 4-6 гола разлика, на полувреме се замина со резултат 11:17.

По седум минути игра во вториот дел, гостинот стигна до двоцифрена разлика, најголема во таа момент, кога резултатот на семафорот гласеше 14:26. Разликата само растеше во корист на Голден Арт, кој на крајот оствари победа со резултат 24:43.

Никола Нечковски и Огнен Тасевски кај Вардар постигнаа по 5 гола, додека Иван Најдовски и Антонио Трајановски додадоа по 4.

Пионерите се поразени во рамките на 2.коло од групата А, на гостувањето кај екипата на Охрид. Домашниот тим забележа висока победа со резултат 48:8.

Избраниците на Атанасовски први го отворија резултатот, што беше наше единствено водство на овој меч. Охрид поведе со 5:1, за Вардар да намали на 5:2, по што следеше серија на противникот за предност од 17:2. На полувреме резултатот гласеше 22:3.

Во вториот дел постигнавме пет гола, напротив Охрид кој беше расположен за погодоци, разликата растеше за на крајот победата да биде убедлива.

Кај нас се истакна Васко Ангелески со 3 гола.