Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Поразот против Веспрем во С.Ц. Јане Сандански, највеќе болеше во групната фаза на ЛШ
Поразот против Веспрем во С.Ц. Јане Сандански, највеќе болеше во групната фаза на ЛШ

Поразот против Веспрем во С.Ц. Јане Сандански, највеќе болеше во групната фаза на ЛШ

Поразот против Веспрем во групната фаза, пред својата публика   сигурно дека најмногу болеше кај навивачите и самите играчи. Овој пораз тешко им падна на ракометарите кои дадоа се од себе на тој дуел, сепак на крајот може и среќата им го сврте грбот. Можеби најдобриот и најквалитетен дуел кој се играше во С.Ц. Јане Сандански, беше тој против Унгарскиот шампион и сега веќе европски вицешампион. Се играше израмнето на двете страни со промена на резултатот, кој не беше поголем од три гола разлика за двете екипи. Првото полувреме го доби Веспрем во своја корист со 11:13.

Во вториот дел, црвено-црните полека ја стигнаа оваа разлика и направија комплетен пресврт во мечот. Се водеше вистинска борба на теренот, личеше на едно големо финале. Со огромната подршка од публиката и Комити, избраниците на Гонзалес направија серија од неколку погодоци. Имаше момент кога поведовме со три гола предност, која ветуваше за добар резултат. Оваа позитива ја одржувавме се до самиот крај, на минута ипол пред крајот имавме гол предност од 23:22 и напад кој не го искористивме. Претходно Брумен не погоди од седум метри, топката заврши само во пречката на Миклер. Со еден погодок од пенал и и една пресечена топка во последните 20 секунди, Унгарците направија пресврт за конечни 23:24 на семафарот.

Не делеа само секунди до голем триумф, кој ќе не оставеше во отворена борба за првото место, со истиов противник. Со овој несреќен пораз , малку ја искомплициравме ситуацијата и за освојување на второто место во групата. Сепак докажавме дека сме голема екипа, па надокнадивме со висока победа во Германија, во последното коло. Од тој неуспех со Веспрем, до крајот на групната фаза нанижавме четири големи победи, со кои го потврдивме второто место во групната фаза.