Младиот тим на Вардар Јуниор гостуваше кај тимот на РК Радовиш во дуел од Супер лигата. Момците на Петршевски и Манасков беа совладани по лошиот втор дел со резултат 31-19.
Првиот дел почна со водство од 2-0 на домаќините, потоа ние се вративме во игра и успеавме да изедначиме на 5-5. Се играше потоа гол за гол, беше 6-6,7-7 и на крајот 8-8. Првпат поведовме со голот за 8-9, и кога стигнавме до првата предност дојде пад во нашата игра. Следеше серија 5-0 која ни направи големи проблеми, бидејќи домаќинот поведе со 13-9. Во финишот на првиот дел ја нападнавме предноста, но само до крајот ја намаливме за еден гол. Ние заминавме на одмор со негарива од 16-13.
Вториот дел го отворивме несватливо лошо, на осум примени гола во нашата мрежа успеавме да одговориме само со два. Па така противникот отиде на девет недостижни гола предност, 24-15. некаде околу средината на првиот дел. И потоа нашата игра не беше на нивото, дали заморот од трите гостувања за само 5-6 дена си го земаа данокот. Потиникот од минута во минута ја зголемуваше предноста и на крај победи со 12 гола предност односно со резултат 31-19.
Кај нас најдобар стрелец беше Стефан Крстевски со пет гола, Димов Мартин имаше четири гола, апак Ќосевски Мартин имаше три погодоци.