Вечерва, Вардар гостуваше во Шпанија кај тимот на Барселона во натпревар од 8.коло во ЕХФ лигата на шампионите. Црвено-црните одиграа борбено прво и крајно лошо второ полувреме па заслужено и беа поразени со резултат 34-26.
Првиот дел може да кажеме дека беше еден изедначен период исполнет со многу борба на двата тима кои ја посакуваа победата. Најпрви домаќинот поведе со 2-1, ние преку Чупиќ од пенал изедначивме а потоа и поведовме и со 2-3. Домаќинот ја презема инцијативата и имаше водство со 4-3, следеше одлична игра на црвено-црните, одбрани на Милосављев и серија 0-3. Со истата првпат поведовме со плус два, 4-6. Каталонците се вратија и изедначија на 8-8, постојано едниот тим од другиот го преземаше водството. Одигравме далеку подобар дуел од тој во Скопје. Барсселона само со еден гол и минимална предност од 16-15 го однесе дуелот на одмор.
Домаќините по првиот напад поведоа со 17-15, ние веднаш вративме со брз гол на капитенот Стојанче Стоилов за намалување на 17-16. Страшен пад во играна на црвено-црните во вториот дел, во 35. минута отидоа домаќините на плус пет, поведувајќи 21-16. Веднаш Парондо Гарсија побара минута одмор со цел да ја прекине серијата на ривалот. Нашиот понор продолжи и потоа кога на семафорот стоеше 24-16, односно со нови три гола по нашата минута одмор протиникот не “дотолчи“. Едноставно ништо не ни одеше од рака, на средината од вториот дел бевме на огромни девет минус 26-17. До крајот се беше формалност немаше што да бараме во овој меч, бевме поразени со резултат 34-26.
Во Вардар прв стрелец беше Иван Чупиќ со 5гола, Дисингер и Кисељев имаа 4, а 3 пати прецизен беше Вуко Борозан.