Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Според ЕХФ, Вардар би загубил во можно четвртфинале против Пик Сегед, тимот на ПСЖ со најголеми шанси да ја освои ЛШ
Според ЕХФ, Вардар би загубил во можно четвртфинале против Пик Сегед, тимот на ПСЖ со најголеми шанси да ја освои ЛШ

Според ЕХФ, Вардар би загубил во можно четвртфинале против Пик Сегед, тимот на ПСЖ со најголеми шанси да ја освои ЛШ

Пред одигрување на осминафиналните натпревари во Лигата на Шампионите, од ЕХФ излегоа со нов ранкинг за шансите на екипите да стигнат на завршниот турнир и да ја освојат Европската титула.

Со најголеми шанси на крајот од оваа сезона да се најде на врвот на Европа е екипата на ПСЖ, додека на втората позиција се наоѓа тимот на Барселона. Интересно можниот противник на Вардар во четвртфиналето, екипата на Пик Сегед, според ЕХФ, оваа сезона ќе ја гледаме на Ф4 турнирот во Келн. Тоа значи дека доколку Вардар и Пик Сегед се сретнат во 1/4 финалето, според експертите на ЕХФ, тимот од Унгарија е тој кој ќе излезе како победник во двомечот. Последниот патник во Келн би била екипата на Веспрем.

Вардар се најде на шесттото место на најновиот ЕХФ ранкинг. „Момчињата од Скопје продолжуваат да имресионираат оваа сезона и покрај големите промени летото. Поразот од Веспрем беше единствениот за нив во 2019 година, кој ги потисна на третото место во групата А, кој им донесе соочување со Загреб во осминафиналето“, се вели во анализата на ЕХФ.

Вака изгледа последниот ранкинг на ЕХФ:

1. ПСЖ

2.Барселона

3. Пик Сегед

4. Веспрем

5. Фленсбург

6.Вардар

7. Киелце

8.Нант

9. Рајн-Некар

10. Спортинг Лисабон