Со дербито помеѓу тимовите на Металург и нашиот ЖРК Вардар во женска конкуренција ќе се отвори плеј-офот во борбата за титулата. Според системот во овој сегмент има пет екипи, па така една од нив во секое коло ќе биде слободна.
Планирани се уште десет кола за играње, а се пренесуваат освоените бодови од регуларниот дел на сезоната од меѓусебните дуели. Покрај црвено-црните избранички на Симовски и Царчев во плеј-офот ќе играат и тимовите на: Пелистер, Металург, Куманово и Стружанка. Плеј-офот почнув а на 30/31 март, а треба да заврши на 25/26 мај.
Распоред на натпревари во плеј-оф може да го најдете- ОВДЕ.xlsx